Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид доби донација на детски книги на англиски јазик од волонтерската организација Darien Book Aid, од САД, посветена на унапредување на писменоста и образованието ширум светот.

Оваа вредна донација е дел од проектот Storybook Studio, во кој активно се вклучени Дени Хамилтон, волонтер од Мировниот корпус на САД и Елена Станкоска од нашата библиотека, кои заеднички работат на развивање на нови и креативни активности за описменување и учење англиски јазик за најмладите читатели, велат од Библиотеката.

Програмите кои произлегуваат од овој проект, посочуваат, ќе започнат со реализација во Библиотеката во 2026 година и ќе понудат инспиративен простор каде најмладите ќе учат, читаат и создаваат приказни на англиски јазик.

Од Библиотеката изразуваат благодарност до Darien Book Aid за нивната дарежливост и посветеност кон ширење на знаењето, како и до Дени Хамилтон – волонтерот од Мировниот корпус за нејзиниот ентузијазам, поддршка и пријателство.

Благодарение на ваквите партнерства, нашата библиотека продолжува да расте како место кое инспирира, образува и ги поврзува културите преку книгата, вели Христина Трпеска, директорка на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид .

OhridNews