Обука за детските градинки, основните и  средните училишта вклучени во втората година од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем”, започна денеска во Охрид. Обуките што се реализираат  согласно Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за образование и наука, Швајцарската агенција за развој и Здружението на граѓани ОХО, ќе се спроведат  до 19-ти март. 

Во втората година на имплементацијата на програмата ќе бидат опфатени 120 основни училишта, 30 средни и 35 градинки.

OhridNews