Општина Охрид не е во можност да ги отстрани  детстките реквизити од кејот, затоа што сопствениците на истите имаат договори за вршење дејност  кои истекуваат ова лето, објаснува градоначалникот Александар Петрески. Тој смета дека на овие реквизити местото не им е во центарот на градот и најавува дека  следната година општината нема да дозволи поставување на ваков тип опрема на овој простор.

– Ова им е последна година од договорот и јас тврдам дека од следната година тие нема да бидат поставени  пред старата дирекција на Охридско лето и на кејот, најави Петрески.

Градоначалникот на Охрид очекува по состанокот одржан деновиве, Општинскиот комунален инспекторат и надлежните државни инспекции  заеднички да делуваат со цел да се воведе ред во центарот на Охрид каде и ова лето се поставени поголем број времени објекти од дозволеното кои го нагрдуваат просторот.

OhridNews