Исполнети се капацитетите предвидени за пациенти позитивни на Ковид 19 на Интерното одделение во Струшката општа болница.
Директорот на Болницата Мухамед Асани информира дека од денеска на располагање е Детското одделение.
Од денеска на располагање е детскиот оддел. Пациентите што се лекуваат на Детско се префрлени во друг дел. Без проблем и непрекинато ќе функционираме, изјави Асани за државната агенција „Миа“.

Во однос на медицинскиот кадар тој посочи дека покрај постојаниот што работи во Болницата во справување со пандемијата со коронавирусот на помош се дојдени и стружани специјализанти.
OhridNews












