Со граѓански собир што се одржа синоќа, во Струга беше одбележана девет годишнината од големиот граѓански протест против Законот за територијална организација.


На 22 јули 2004 година, пред зградата на политичките партии каде се одвиваше состанок на општинската организација на СДСМ на кој присуствуваше тогашниот висок партиски функционер и министер за одбрана Владо Бучковски се одржа голем протест на кој граѓаните на Струга го изразија револтот кон новиот Закон за територјална организација со која четирите општини Лабуништа, Велешта, Луково и Струга се споија во една.


Жестокиот протест заврши со интервенција на специјалната полиција при што беа повредени триесетина граѓани,  24 полицајци и еден претставник на мисијата „Проксима“,  оштетени и уништени беа седум моторни возила, а зградата на политичките партии беше опожарена и демолирана.

OhridNews