Вкупно девет играчи ќе го напуштат Манчестер Јунајтед, но поголем дел од нив ќе заминат на позајмици, што значи дека се уште ќе бидат членови на тимот од Олд Трафорд.
Иднина во редовите на Манчестер Јунајтед нема за Бастијан Швајнштајгер кој по враќањето во клубот тренираше со втората екипа.
Покрај германскиот репрезентативец се очекува да биде продаден и Педи Мекнер, а останатите седум играчи Камерон Бортвик Џексон, Тим Фосу Менсах, Андрес Переира, Џејмс Вилсон, Аднан Јанузај, Вил Кин и Тејлор Блекет да бидат позајмени во другите клубови.
Жозе Мурињо скоро секогаш практикува во тимот да има 24 играчи кои ќе можат да играат, а со ослободувањето на гореспоменатите менаџерот доаѓа до посакуваната бројка.
OhridNews