Девет кандидати во Струга ќе ја водат трката на претстојните избори за градоначалничката функција. Меѓу нив Јована Мојсоска од Левица, Арсим Далипи од Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ, Љубе Петревски од Работничката партија, Роберт Милески од Демократи Скопје и Бесник Асани, Менди Ќира, Насто Палиоски, Игор Малески, Мирко Савески како независни кандидати.
Во поглед на советничките листи поднесени се десет од кои седум на политички партии и коалиции, а три независни.
Н.С.Ј.