1. Излечете ги воспалените мускули со маслиново масло

Маслиновото масло е богато со компонента наречена “Oleocanthal” што ја намалува воспаленоста на мускулите. Всушност, истражувањата покажуваат дека конзумирање на 3 лажици маслиново масло дневно има анти – воспалителен ефект што е приближно 10% до стандардната доза на ибупрофен. Секогаш додавајте маслиново масло во вашата салата после тренинг.

2. Чувствувајте се весело во попладневните часови

Конзумирајте крекери кои содржат витамини Б6 и Б12 (оние кои содржат 100% жито како главна состојка) и сирење со малку масти кое содржи протеини. Оваа комбинација го стимулира производството на хемиски серотонин во мозокот кој ви дава енергија во попладневните часови.

3. Заспите побргу

Пијте сок од цреши, киселите цреши содржат мелатонин – соединение кое доведува до побрзо заспивање и ова соединение се наоѓа многу ретко во храната. Во едно истражување луѓето кои го пиеле овој сок имале подобар сон отколку оние кои не го конзумирале. Со пиење на овој сок може да заспиете побргу и полесно доколку страдате од несоница.

4. Брзо лекување на модринка

Јадете ананас, ова тропско овошје содржи бромелан, соединение кое го смирува воспалението на кожата околу модринката. Јадете една и пол чаша ананас во текот на денот и пијте повеќе вода за да се забрза лекувањето.

5. Излекувајте ја летната настинка

Конзумирајте ладна супа со мешавина на домати и зеленчук, вклучувајќи и кромид и лук, кои имаат антивирусно својство ( ги напаѓаат бактериите од болеста). Оваа супа го зголемува внесувањето на одредени витамини кои помагаат да се зајакне вашиот имунолошки систем.

6. Намалете ја подуеноста

Пијте чај од камилица, камилицата помага да се релаксираат мускулите околу вашиот гастроинтестиналниот тракт, а водата во чајот го подобрува варењето на храната и ја намалува подуеноста на стомакот.

7. Излечете ја главоболката

Јадете лубеница, ова овошје носи клучни хранливи материи во мозокот и ве држи хидрирани. Природниот шеќер од лубеницата ќе ги поттикне мозочните клетки и ќе ви ја зголеми будноста. Можете да ја јадете лубеницата во парчина или да ја пресечете во коцки и да го додадете тоа во една чаша со вода.

8. Изборете се со алергиите

Јадете магдонос, магдоносот може да ви помогне во спречувањето на алергијата бидејќи содржи антиоксиданс наречен кверцетинот, кој помага во намалување на ослободувањето на хистамин. Помалку хистамин значи дека ќе имате помалку симптоми кога сте изложени на алергии. Додатете магдонос во салати или направете мешавина со маслиново масло и лимон за да го направите пилешкото.

9. Најдобриот лек во вашата кујна

Куркума, благодарение на анти-воспалителните својства на куркумата која е антиоксидант кој им дава на благите зачини зачини својата боја таа помага за отоци, артритис, го подобрува имунитетот, го подобрува варењето на храната, спречува од рак, може да помогне и да се намали ризикот од Алцхајмерова болест. Овој зачин можете да го додадете во било кое јадење.