НУ Библиотека „Григор Прличев“ го збогати книжебниот фонд со нови книги, меѓу кои: „Анонимна девојка“ од Грир Хендрикс, „Девојката од писмото“ Емили Гунис, „Изгубеното писмо“ од Џилијан Кантор , „Тивката жена“ од А.С.А Харисон, „Доказ за љубов“ Памела Клер, „Мојата прекрасна сопруга“ од Саманта Даунинг, бестселерот според Њујорк Тајмс „Американски брак“ од Тајери Џонс , „Сопруга на хартија“ од авторката Лајла Ибрахим и „Изгубената ќерка“ од Џил Пол.

Овие како и сите други книги на библиотеката се на дофат на читателите за годишна членарина од 300 денари за возрасни и 200 денари за деца.

Работното време на НУ Библиотека „Григор Прличев“ е секој работен ден од 8 и 30 до 18 и 30 со пауза за дезинфекција на просторот за издавање од 12 до 12 и 30 часот.

OhridNews