Таеквондо клубот „Хва Ранг ИТФ“ се закитија со девет одличја на Меѓународниот онлајн турнир од ИТФ А класата кој се одржа во Естонија. Охридските теквондисти освоија еден златен и по четири сребрени и бронзени медали.

За охриѓани ова беше второ учество на ваков турнир кој се одржа онлајн преку видео стримови, натпреварувајќи се во дисциплината форми со замислен противник.

После  пауза од неколку месеци повторно имавме прилика да го почувствуваме натпреварувачкиот дух, иако е преку интернет сепак желбата за победа ги мотивира нашите натпреварувачи, кои покрај големата конкуренција успеаја да не израдуваат со девет медали, – изјави тренерот на клубот, Марјанчо Лазаревски.

  • Освојувачи на медали:

Теодора Митреска             1  место златен медал       6-5 куп (зелен појас) девојчиња 12-13 год

Елена Јанеска                     2  место сребрен медал   6-5 куп (зелен појас) јуниори девојки 14-17 год.

Софија Колушоска             2  место сребрен медал    6-5 куп (зелен појас) девојчиња 10-11 год

Никола Балчески               2  место сребрен медал    8-7 куп (жолт појас) јуниори  14-17 год

Давид Велковски               2  место сребрен  медал   1 дан (црн појас)  сениори  18-39 год

Христијана Парулеска       3  место сребрен медал    6-5 куп (зелен појас) девојчиња 12-13 год

Давид Крстески                 3  место сребрен медал    1 дан (црн појас)  деца  12-13 год

Петар Трифуноски            3  место бронзен медал    8-7 куп (жолт појас) јуниори  14-17 год

Филип Митрески               3  место бронзен медал    8-7 куп (жолт појас) деца  12-13 год

OhridNews