Девет возачи во Охрид се казнети за претекнување на несоодветно место информираат од СВР Охрид.
На 17.02.2023 година од 14 до 17 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 24 возачи на моторни возила кои, на забранети и непрегледни места извршиле претекнување на други моторни возила. Од ниив во Охрид девет, во Струга тојца, Кичево еден и единаесет во Дебар, вели портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Против нив, додава Димоски, поднесени се соодветни платни налози.
OhridNews