Како дел од редовните хуманитарни активности за помош на најранливите категории граѓани на Охрид, членовите на ЛК „Лихнидос“ повторно го посветија вниманието на многубројната фамилија од Гурали Демо, чие семејство брои 9 деца. Овој пат во три наврати е извршен стоматолошки преглед на децата, при што детално се исчистени многу запчиња, три расипани веднаш се извадени и во два наврати се ставени пломби, информираат од клубот.
Целото семејство сега е опремено со 11 комплети за примарна дентална хигиена (четки, конци и пасти), а на децата им е одржано и предавање за неопходноста од редовно миење на забите и редовен стоматолошки преглед.
За стручните совети и за стоматолошките зафати задолжен беше Д-р Ерол Аголи, докажан хуманитарец и силен поддржувац на Лајонс клубот „Лихнидос“.
OhridNews













