Шеснаесеткратниот шампион во НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс на уникатен начин со девеметарска бронзена статуа пред „Стејплс Центар“ му се заблагодари на Шекил О`нил за осумте сезони минати во клубот.


Голем број ѕвезди во американската кошарка присуствуваа на церомонијата која го расплака „Биг Шек“. Специјални гости беа Коби Брајант, Фил Џексон и Карим Абдул Џабар.


Џабар зборуваше за влијанието на Шекил О`нил во кошарката, додека неговиот соиграч Брајант кратко го пофали дека бил најдоминантен кошаркар во НБА лигата.


Во 19-те сезони во НБА лигата корпулетниот центар освои четири титули од кои три со „езерџиите“, а неговиот просек од 23.7 поени по натпревар го рангира меѓу ТОП 20.

OhridNews