Екипата на Палермо освои бод на гостувањето кај Пескара ремизирајќи 2-2 во првиот меч од 13-та рунда во италијанската Серија Б.
Натпреварот на стадионот „Адријатико“ го одблежаа трите голови во првиот дел меѓу кои беше и деветтиот погодок на Илија Несторовски. Македонскиот репрезентативец го постигна деветтиот погодок сезонава, но сепак на крајот се покажа како недоволен за победа.
Домашниот состав на стартот од второто полувреме погоди за егал 2-2 кој се покажа и како конечен исход на натпреварот.
Во зависниот од другите резултати ќе зависи дали Палермо ќе ја задржи водечката позиција на табелата.
OhridNews