Далеку од очите на македонската јавност, македонската фудбалска репрезентација ни приреди уште еден фудбалски срам, откако со 2-1 беше совладана од аматерската селекција на Луксембург.


Мечот кој требаше да биде подготовка за создавање  на победничка атмосфера во “црвено-жолтиот“ табор се претвори во комплетно фијаско, по пресвртот кој “моќните“ фудбалски лилипутанци го направија во вториот дел.

Според скромните официјални информации кои доаѓаа од стадионот “ Жоси Бартел“ во Лускембур, избраниците на Џон “No Comment“ Тошак дојдоа во предност преку Хасани во 25 минута, по додавање на Пандев.

По еден сат игра Девил го изедначи резултатот, додека комплетниот пресврт истиот фудбалер го реализирал во последните минути од мечот.

Ако некој треба да жали за тоа што немаше директен пренос од мечот, тоа сигурно треба да бидат домашните фанови, кои немаа можност ја проследата победата на својата репрезентација.

М.П.