Со 37 поени, 10 скокови и 5 асистенции американскиот интернационалец, Девин Брукс дебитираше во дресот на АВ Охрид кој првото учество во Купот на Македонија го заврши во 1/4 финалето после поразот од Фени Индустри 112-69.


Американецот имаше најдобар поентерски учинок во четирите први натпревари од завршницата во Купот на Македонија и се покажа како вистинско засилување за охридскиот клуб.


– Презадоволен сум од настапот и залагањето на Брукс. Тој ни покажа дека не згрешивме со неговиот ангажман, а ќе пробаме да донесеме уште еден нов играч со кој ќе бидиме поквалитетни. – изјави Петар Чочороски.


Двоцифрен учинок во составот на АВ Охрид покрај Брукс имаше и Слободан Михајловски кој реализираше 13 поени, а додаде уште пет скокови.

КУП: Фени Индустри пресилен за АВ Охрид

OhridNews