Една жена која има 70 години целиот живот го минала без секс, а сега сака тоа да го промени. Пем Шоу рекла дека нејзините стандарди сеуште се многу високи и се надева дека ќе запознае висок, црн и згоден милионер. Рекла дека не верува во секс пред бракот, и дека била презафатена со својата кариера како кабаре танчерка, па немала време да пронајде сопруг. Таа додала дека се чувствува спремна за брак, а можеби и за маж во нејзиниот кревет.
И покрај долгата апстиненција таа настапувала под името „Сексуална Пем“. До 1995 година живеела со својата мајка која умрела на 95 години. Пем раскажала дека мажите секогаш имале погрешни претпоставки за нејзиниот сексуален живот поради работата со која се занимавала. На крајот порачала дека никогаш не била интимна со маж, само малку се бакнувала.