Италијанската полиција вчера објави дека спасила 13-годишна Македонка, која откако била продадена од страна на нејзиното семејство поради брак, била страотно злоставувана и малтретирана од новото семејство, пренесува „Макфакс“.
Девојчето на полицијата од Венеција им кажала дека нејзиното семејство, со кое живеело во Македонија, ја продало за 3.000 евра, по што била донесена во Италија за да се омажи за 17-годишно момче, пренесе агенцијата АНСА.
Иако таа се противела на таквиот договор, откако дошла во Италија била силувана и психички злоставувана.
Според нејзиниот исказ, во еден наврат нејзината свекрва ја држела, додека сопругот ја силувал, а откако била спречена при обид за бекство, за казна била ставена во када со пода, по што ја „палеле“ со електрична жица.
Полицијата дознала за случајот, откако локалното население пријавило дека виделе малолетна девојка полна со лузни како моли за помош. Девојчето било веднаш префрлено во болница, каде што се лечат нејзините лузни, а пружена и е психијатриска помош.
Полицијата го уапси нејзиниот сопруг и неговата мајка, кои во Венеција се имаат доселено од Наполи. 
OhridNews
извор:„Макфакс“