Каролина Ѓурсел, девојче од 3 години, седнала на возачкото седиште во автомобил со автоматски менувач. Нејзиниот татко Ѓунаи (27) излегол за момент и ги оставил клучевите во автомобилот. Каролина го запалила моторот, стиснала на гаста и се одвезла со двете други девојчиња кои биле во автомобилот на возраст од 4 и 6 години. Возела 800 метри пред да слета во реката. Минувачите ги извлекле неповредени. Никој не настрадал во инцидентот.


– Неодговорно од родителот да ги остави децата сами во автомобил со клучеви. Доста загрижувачко е тоа што толку мали деца знаат не само да го запалат автомобилот, туку и некако да управуваат со него – изјавил полицискиот портпарол и напоменал дека ќе го истражи овој необичен случај.