15-годишното девојче од охридското село Лешани, кое беше пријавено за исчезнато во СВР Охрид , е пронајдено и е на пат за дома, дознава OhridNews. Како што сме информирани, девојчето се враќа дома во придружба на својот татко.

Инаку 15-годишната ученичка во средно училиште во Охрид, пред два дена заминала за Скопје, а вчера во охридската полиција таа била пријавенa за исчезната. Случајот денеска доби среќна завршница.

OhridNews