Пожарот кај Струмица го предизвикала девојка, пренесува порталот „Курир“. Како што се наведува во текстот, од Секторот за внатрешни работи Струмица информирале дека станува збор за 24-годишна струмичанка против која ќе биде поднесена кривична пријава за предизивикување општа опасност.

Девојката пред два дена меѓу 11 и 12 часот на ул.„Бошко Буха“ во Струмица на околу 50 метри од последните куќи во кои и таа живеала, запалила стари алишта кои биле непосредно под еден жбун, при што предизвикала пожар од поголеми размери на место викано „Ч’млк“ над Струмица.

Со изгореници се здобија 14 лица при превземање на мерки за гаснење на пожарот.

Сите повредени беа пренесени во Медицинскиот центар во Струмица, а пет лица итно беа префрлени во Градската хируршка болница во Скопје поради висок степен на изгореници и акутно белодробно откажување и животна опасност.

Со над 90 проценти на изгореници се здобија двајцата браќа, 50-годишниот Блажо и Пено Стојанови, работници на ЈП „Македонски шуми” -шумско стопанство „Беласица”, кои во текот на вчерашниот ден им подлегнаа на повредите.

OhridNews