Девојката која беше пронајдена мртва на 4-ти март во местото викано „Кланцот на Рифат“, атар на с.Древник-битолско, извршила самоубиство соопшти денеска МВР.

-Почината Ѓулзера М. (22) од с.Древник, беше пронајдена мртва од страна ана овчар со прострелна рана од огнено оружје. По преземени мерки од страна на полицијата било утврдено дека се работи за самоубиство.

OhridNews