Атрактивната руска манекенка Ирина Шајк се појавила на насловната страна на списанието “Sports Illustrated”, во која ја претставува новата линија на костими за капење, а на оваа позиција ја заменила сопругата ма тенисерот Енди Родик, Бруклин Декер. Кога дознала дека “Sports Illustrated” ќе ја нагажира како заштитно лице за специјалниот број со костими за капење кој излегува само еднаш годишно, Ирина заплакала од среќа.
Едиторијалот се снимал на беспрекорните плажи Хава и Филипина. Резултатите на тимот стилисти, фотографи и самата Ирина конечно биле претставени во популарното вечерно шоу на Дејвид Летерман, а мажите ширум светот останале без зборови. Девојката на Кристјиано Роналдо на фотографиите изгледала беспрекорно, атрактивно и многу секси, што е сосема доволно специјалното издание на списанието да се продаде преку ноќ.