Мултимилионерот Роман Абрамович го очекува своето седмо дете, второ со партнерката Дарија Жукова. Даша, припадничка на руското високо друштво, го покажала својот стомак за време на божиќниот одмор на Карибите, каде била со Роман и нивниот тригодишен син Арон. Роман Абрамович изјавил дека е воодушевен што ќе има уште едно дете.
Даша, за која се верува дека е во четвртиот месец од бременоста, била фотографирана додека се шетала по островот Сент Бартс, каде парот поседува имот од 70 хектари, но и како прима гости на луксузната јахта. Два пати разведениот Роман Абрамович има два сина и три ќерки со поранешната сопруга Ирина, од која се развел 2007 година после 16 години брак. Планира за дочекот на новата година да организира забава на имотот, на која ќе потроши дури шест милиони евра.