За да ја напише оваа приказна, Кејт Фернивал била инспирирана од вистинската приказна на мајка и. Романот содржи измислени ликови и настани но ја искористува неверојатната вистинска ситуација во која се нашла мајка и кога била дете- приказна за две бегалки, од времето на царска Русија, мајка и ќерка, заглавени без пари и без документи во Меѓународната населба во Кина. Преживувањето на двата главни лика, Валентина и Лидија, во туѓа земја е тешка задача. Валентина се предава на живот исполнет со тајни и тага, а Лидија е присилена да краде за да го платат изнајмениот стан и да си обезбедат храна. На кој начин кражбата на џебниот часовник на еден англиски господин, засекогаш ќе им ги смени животите ќе дознаете доколку ја прочитате оваа книга.
Романот е епска приказна за загубата и љубовта, за тајните и за лагите, за опасностите и предавствата.
Рубриката „Книга“ е уредена во соработка со Градската библиотека „Григор Прличев“
Инстант лозот „Макси златна рипка“, на Државна лотарија, на играчите им нуди можност да освојат вредни парични добивки, меѓу кои и 10 премии од по 1000000 денари Овој инстант лоз нуди интересна игр...
Државна Лотарија ја претстави четвртата серија на популарниот инстант лоз „Хороскоп“ – грепка што веќе освои илјадници љубители на среќата и забавата Со секое гребење на овој лоз, учесниците добива...
Земјава и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред деветнаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб Една од традициите з...