Од  1- ви јануари започна да се спроведува одлуката на Фондот за здравство за организирање на дежурства на апеките.

Распоред за тоа која аптека кога ќе работи за време на празничните денови и во вечерните часови е направен и е истакнат на влезот на Одделението за итна помош и во амбулантата Воска. Како што информира раководителот на подрачната единица на Фондот за здравство, Славе Крстаноски, распоредот со дежурни аптеки во Охрид наскоро ќе биде истакнат и на поголемиот број од нив.

На Бадник,во текот на целиот ден ќе работаат сите аптеки во градот, додека пак дежурна аптека во вечерните часови со работно време од 21 часот до 8 часот ќе биде аптеката „Витеза“ која се наоѓа во Амамот наспроти објектот на Македонска пошта.

На Божик преку ден, потребните лекови граѓаните ќе може да ги набават во аптеката „ Пашоли“  кај Стариот чинар која ќе биде отворена од 8 до 21 часот, додека пак  дежурна аптека од 21 до 8 часот наутро во вторник ќе биде аптеката „Миса фарм“.

Одлуката за организирање на дежурства на аптеките Фондот за здравство ја донесе со цел обезбедување на континуирана здравствена заштита на осигурените лица ноќе, во  сабота, во недела и за време на државни празници, во согласност со потребите на населението, како и за непречено обезбедување со лекови на рецепт од Листата на лекови кои паѓаат на товар на ФЗОМ, особено лекови пропишани од лекар во дежурна служба.

Т.К.