Дежурните екипи на ЈП„Охридски Комуналец” задолжени за одржување на јавната хигиена, изминатиов викенд со полни раце работа. За жал, еко-совеста кај граѓаните на најниско ниво, велат од претпријатието.
Несоодветно депониран и расфрлан секаков вид кабаст и зелен отпад насекаде во градот. Сликите недолични за еден туристички центар. Екипите се сеуште на терен за да се надмине ситуацијата која ја затекнавме, додаваат.
Се подигаше, велат, кабаст и зелен отпад и градежен шут по улици „Даме Груев“, „Јане Сандански“, „Питу Гули“, „7-ми Ноември“, „Егејска“, „Пере Тошев“, „Сирма Војвода“, населба Даљан, Булевар „Туристичка“, „Јордан Мијалков“, „АСНОМ“, „Галичица“, „Никола Карев“, „Марко Несторoски“ и други локации.
Секојдневно се интервенира и на градскиот кеј (потег градско пристаниште до Холандски парк) каде се подига разновиден тешко разградлив отпад, реса и муљ, додаваат од ЈП Охридски Комуналец.
OhridNews













