Со цел превентивно делување во заштитата на здравјето на корисниците на услугите кои ги нуди јавното претпријатие „Градски пазар“, стручни лица извршија дезинфекција, дезинсекција и дератизација на просторот определен за продажба на земјоделски производи, соопштуваат од локалната самоуправа.

Преку оваа активност, се преземаат превентивни мерки за спречување на појава од инсекти и глодари кои имаат епидемиолошко значење поради пренесување на заразни болести.
 
Според Законот за заштита на населението од заразни болести, превентивна дезинфекција е задолжителна во здравствените установи, училишни, предучилишни и социјални, угостителски и јавни објекти (аеродроми, пазари, станици и сл.), како и во објекти за производство, промет и складирање на храна.

Превентивната дезинфекција се врши на секои шест месеци од стручни лица на фирма регистрирана за оваа дејност.

OhridNews