Џад Ло имал потполно чист живот. Имено, тој никогаш не земал никакви лекови, бидејќи неговата мајка не верувала во нив. Актерот кој во новиот филм игра психијатар, кој и препорачува опасен лек на депресивна жена, тврди дека никогаш не земал нешто слично. Неговата мајка верувала во здрав живот, така да тој не се напил ниту апче за главоболка.
Актерот изјавил дека во неговото детство популарно било да не се гледа многу телевизија, да не се јадат одредени работи и да не се земаат таблети. Тоа во Англија се нарекувала “Цврста љубов“. Мотото било доколку ти е ладно, облечи џемпер, ако паднеш стани и обиди се повторно. Му било драго што бил воспитан на тој начин и што до ден денес не пробал ниту еден лек.