Ако продолжи блокадата од грчка страна за зачленувањето на Македонија во НАТО и започнување на преговорите со Европската Унија, тогаш постои опоасност да се создаде внатрешна тензија

Ова, како што пренесува „Макфакс3м го изјавил вицепремиерот Муса Џафери, на средбата со Генералниот Секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-мун, вчера во Скопје.

Двајцата соговорници размениле мислења за изнаоѓање начин за интензивирање на разговорите под покровителство на Обединетите нации, со цел што побрзо разрешување на проблемот со името.

Вицепремиерот Џафери ја реафирмирал интенцијата на Македонија за зголемено учество во мировни операции на ОН и посветеноста кон натамошно зајакнување на соработката и партнерството на Република Македонија со Обединетите Нации.

Заменик претседателот на Владата го информирал Бан Ки-Мун за постигањата на земјата, пред сè во изградбата на мултиетничка функционална демократија како резултат на Охридскиот рамковен Договор,  градењето добрососедски односи и нашиот придонес кон регионалниот развој и соработка, како и за заложбите и придонесот за континуирано унапредување и почитување на човековите права ширум светот.

OhridNews