Во организација на Институтот за меѓународни политички студии“ и Институтот за соработка за интеграција и развој денес во Струга се одржа Меѓународната конференција „ЕВРОРЕГИОНИ: Интегрирање на општествата – раст на генерации – ресурси за грижа“, на која свое обраќање имаше и министерот за одбрана, Талат Џафери .

– Безбедноста и сигурноста на општествата треба да е појдовна основа која ќе овозможи сигурност за другите интегративни процеси во општетсвата било од општетсвен, економски или друг вид на интегрираност , што ќе претставува можност и за понатамошни извори за развој на општествата во регионот и пошироко во Европа,рече во своето обраќање министерот Џафери.

На конференцијата учествуваа професори од македонксите универзитети, претставници од универзитетите од соседна Албанија, како и градоначалници од неколку општини.

OhridNews