Охрид е апсолутен фаворит против скопска Цементарница на мечот од 10 коло од Втората МФЛ, кој ќе се одигра на “Билјанини Извори “ во Охрид.
Охриѓани во досега одиграните четири кола на домашен терен забележаа четири победи,а единствено Влазерими успеа да ја затресе мрежата на “рибарите“. Цементарница во Охрид доаѓа со за нејзниото реноме скромни шест бода, а во досегашните пет гостување претрпе исто толку порази, постигнувајќи само три гола.
– Мора да се носиме со фаворитската улога, притисокот ќе биде наша страна, а очекувам да ја продолжиме победничката низа на домашен терен. За нашата млада екипа овие натпревари се посебно тешки од психолошки аспект. Нашата трка кон врвот продолжува и секој резултат освен победа на овај меч би било разочарувачко за нас. Нема да го потцениме противникот , ќе нападнме од стартот во мечот на кој нас не интересираат само бодовите – вели стратегот на “белите“ Зоран Ѓорески.
За мечот со последнопласиранта Цементарница, стратегот Ѓорески нема да може да смета на офанзивниот Саше Ѓорески кој ќе паузира поради три жолти картони, додека во тимот по одлежаната суспензија ќе се врати напаѓачот Клечкароски.
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години ќе одигра два пријателски натпревари против селекцијата на Црна Гора У-18 Првиот дуел e денес на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, д...
Екипата на Охрид претрпе висок пораз во натпреварот од 5-то коло од Супер лигата Вечерва во салата „Јане Сандански“ во Скопје Вардар убедливо славеше над Охрид 27:18, полувреме 14:6 Избраниците на ...
Во согласност со Годишната програмата за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид, во ООУ Братство Единство Охрид,се одржа XI Младинскиот турнир во шах ЛАСКЕР 2026 кадети, за ученици...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.