Џајо : “Не сакам да го коментирам судењето , но ..“
20.09.10 09:20
Доста нерви ги чинеше охриѓани и стручниот штаб победата над Влазними и продолжување на победничката низа. Тешко беше да се биде покрај аут линијата и со мирна глава да се проследи овај инфаркт натпревар.
Доста забелешки на неговата арбитража
– Тежок натпревар, не изненади колку набој имаа гостите за овај натпревар и колку на неспортски начин се обидеуваа да стигнат до позтивен резултат за нив. Едно наше невнимание не чинеше нивна предност. Далеку подобро заигравме во вториот дел и мислам дека резултатот е реален – истакна по завршувањето на мечот стратегот на “рибарите“ Ѓорески.
Најслаба алка на езерското дерби беше главниот судија Костенчев, кој со своите одлуки во очај ги фрлаше двете екипи. – Не сакам да го коментирам судењето, но ова што се случуваше во Охрид и ваквото судење не не` води кон подобар фудбал. Тоа само продуцира нервозни фудбалери, ја иритира публиката и го распипува амбиентот. Мора судиската организација да се замисли малку какви судии се делегираат за вакви натпревари – смета популарниот Џајо.
Костенчев кој немаше свој ден на мечот додели осум жолти, три за домашните и пет за гостите , а покажа и два црвени картони по еден на двете страни.
Вардар денеска во Охрид ќе го одигра првиот натпревар во новата сезона од Регионалната лига Противник на македонскиот првак ќе биде Војводина, а средбата ќе се одигра во СЦ „Билјанини Извори“ Двете...
Во Охрид изминатиот викенд се одржаа низа спортски настани во рамки на спортската програма на Ohrid Water Festival 2026 Во водите на Охридското Езеро љубителите на спортовите на вода имаа можност д...
Четири натпревари и дури 35 погодоци ја одбележаа синоќешната програма на 28 издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино Најефикасна беше пресметката меѓу Охридски бисер Филев...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.