Зоран Ѓоревски – Џајо е назначен за нов тренер на ФК Охрид 2004. Ѓорески доаѓа на местото на Гоце Маркоски кој ќе остане во клубот како дел од Управниот Одбор.

Ѓорески во минатата сезона ги водеше младите категории во Охрид. Пред три сезони кратко време седеше и на клупата на второлигашот Илинден од Велмеј.

Охридските “рибари“ кои благодарение на одлуката за проширувње на Втората МФЛ останаа во лигата подготовките за новата сезона ќе ги започнат во Недела 20 јуни. 

Целиот тек на подготовките ќе го одработат во Охрид, а планираат да одиграат неколку пријателски средби со екипите кои ќе се подготвуваат покрај езерото.

М.П.