Актуелниот македонски шампион Ренова го претпре вториот пораз во подготвителниот период. Поуспешен од “гипсарите“  со 3-2 беше лидерот во второлигашката конкуренција Охрид`04. “Рибарите до победата стигнаа со пресврт во последните минути од мечот.


–    Секоја победа е мотив за младите играчи поготово кога се игра против актуелниот шампион. Ваквите средби се добри за нив за стекнување на самодоверба, да знаат дека може да се надигруваат и со далеку посилни и реномирани противници.  Ние не се оптеретуваме со резултатите во подготвителниот период , работиме во што подобро светло да се прикажеме во првенството – рече стратегот на “белите“ Ѓорески Зоран


Македоснкиот првак Ренова во Охрид ќе одигра уште една средба и тоа против Хајдук Кула, на која стртегот Соколи очекува да ги види вистинските можности на екипата.

–  Целта е да видиме со каков фонд на играчи располагаме и низ овие пријателски средби да го провериме нивниот квалитет, а после овие два натпревари појасна е сликата со што располагаме. Вистински тест за нас ќе биде мечот со Хајдук Кула кој ќе го одиграме со комплетен состав. –вели Соколи.

Охрид утре ќе игра против Еуромилк, додека в петок ќе му спраингува на Смедерево.

М.П.