“Се работи за квалитетна екипа која професионално работи, домашниот терен како и немањето на прволигаш во Прилеп сигурно ќе го зголеми притисокот на нивните плеќи“, смета стратегот на охридските бели Зоран Ѓорески – Џајо во пресрет на дерби мечот против 11 Октомври во Прилеп.


Дерби мечот ќе биде судир и на двете најдобри одбрани во лигата. Прилепчани имаат приемно само два гола во шест кола, додека “рибарите“ четири пати ја ваделе топката од својата мрежа. На мечот на “Гоце Делчев“ охриѓани ќе настапат ослабени за најдобриот стрелец Антонио Нически , кој на мечот со Влазними заработи црвен картон. Охриѓани посакуваат непоразени да се врата од Прилеп.


Не очекува тежок натпревар, нема претерано да мислиме на одбраната на нашиот гол, во минатите шест натпревари создадовме доста прилки, но нашата реализација беше послабиот дел од играта, но со добрата игра во поле очекувам да пристигнат и головите . Ќе бидеме доста ослабени со неиграњето на Нически , ќе загубиме доста на креативноста, но затоа пак ќе добиеме доста на онај тркачки план. Ние нашата игра не ја базираме само на еден фудбалер, туку на сите 25 расположливи фудбалери, секој играч поседува свои квалитети, она што ме радува е мотивираноста кај играчите кои го носат “белиот“ дрес на Охрид. Тактички нема да менуваме пред овај меч, и ако ни се укаже шанса сигурен сум дека ќе ја искористиме – истакна Ѓорески.

Натпреврот 11 Октомври – Охрид се игра попладнево во 15 часот. Главен судија на мечот е Јосип Бартон од Тетово.

М.П.