Со најубедливата победа во досегашниот шампионат 4-0 на Цементарница ,“рибарите“ останаа во трка на минус еден од водечкиот двоец на табелата. Мрежите мируваа по првите 45 минути, во кои домаќините не успеаа да го скршат отпрот на “цементарците“. Сета работа беше завршена за пет минути на стартот на вториот дел со головите на искусните Нически и Перески.


– Влеговме опуштено во мечот, јас на моите играчи им зборував во текот на целата недела дека нема лесни натпревари и дека мора максимално мотивирани да одиграме против Цементарница.  За да се стигне до позитивен резултат мора на секој меч да се дава макимумот. Искрено сум изненаден од гостите кои иако се наоѓаат на дното на табелата, но имаат доста перспективен состав – истакна Ѓорески.

Во наредното коло в недела, охриѓани ги чека тешко гостување кај 12- то пласираниот Новаци.

Мх.П.