Фудбалерите на Илинден го претрпеа и третиот пораз во новата сезона кој шансите за опстанок ги сведе само на теорија. Велмешани  на гостувањето во Скопје беа поразени од Металург со убедливи 4-1. Поразот од директниот конкурент за испаѓање Вардар Декамел во саботата комплетно ги разниша редовите, а  кормилото го напушти Зоран Ѓорески -Џајо .Караорман на домашен терен ремизираше со Скопје 1-1 . Во наредното коло Илинден игра против Караорман во Прилеп .Ова е последниот натпревар од казната која на Илиндеци  им беше одредена по прекинот од натпреварот со Турново.

После вовдените три порази во превенствто ракометарите на Климент Охридски натпреварите во Супер Лигата ги продолжуваат вечерва кога гостуваат на Пелистер во Битола . Натпреварот (почнува во 19 часот) против Пелистер ќе биде само искуство повеќе за младите ракометари кои смогнаа сили, не го оставија клубот на цедило и без никаков надомест ке го доиграат првенството . Вистинскта можност за првиот триумф година охриѓани ке го имаат во сабота кога во Билјанини Извори доаѓа тимот на Т.К Бренд .

Само да потсетиме клубот од распаѓање беше спасен на иницијатива на локалната самоуправа, а на средбата со локалните бизнисмени беа обезбедени средства за да продолжи функционирањето на клубот. Но и покрај добрата волја на бизнисмените искажана на состанокот по две недели само мал дел од средствата се легнати на сметката на клубот кој продолжува да се бори за гол живот.

Лидерот во првата Б лига кошаркарите на АМАК СП во 4 коло имаат лесна задача, во Јане Сандански го пречекуваат последно пласираниот Тетекс .

Прволигашка задача ќе имаат охридките судии. Дербито на колот во првата мак фудбалска лига помеѓу Башкими и Вардар ќе го суди Стефчо Шулески, а ќе му помагаат стружаните Негриески и Грданоски, 4 судија е Ецкоски. Главен судија на натпреварот на Градски помеѓу Работнички и Напредок  е Марјан Маркоски, а ќе му помагаат Тодороски  и Неделкоски.

М. Постолоски