Отсега и бебињата ќе можат да уживаат во хидромасажа по долгиот и напорен ден, пренеле италијанските медиуми. Италијанската компанија „BluBleu“ лансирала на пазарот „магична када“, џакузи кое овозможува капење на бебињата во правилна положба и без никаков ризик, давајќи им на децата задоволство, уживање во меурчиња и угодни млазеви.
Покрај спа ефектот, џакузито овозможувало и пријатна хромотерапија со помош на шест LED сијалици кои на водата и даваат сина, зелена, црвена и виолетова боја наизменично. Родителите кои сакаат стандардната када да ја заменат со овој луксузен производ ќе мораат да издвојат 1700 евра.