Денешниот меч против 11 Октомври е повеќе од квалификациски за охридскиот фудбалски состав. Победа ги остава “рибарите“ во игра за место во елитата, додека пораз ги сели во втората лига.

Мечот со 11 Октомври е да се биде или за нас. Не сакаме да помислиме што би значел пораз на ова гостување. Сите фудбалери се подготвени да дадат не 100 туку 200 посто, за со победа да ги одржиме шансите за опстанок во лигата. Домаќините се подмладени, не ги потценуваме, напротив знаеме дека ќе биде тешко, но за нас нема друг избор освен победа. Посакуваме да се повтори мечот од вториот круг кога победивме со 3-0 – вели капитенот Џалески кој иако се жали на ситна повреда ќе го понесе охридскиот тим во овој меч.

На воведниот меч од оваа рунда Ренова со 1-0 го совлада Металург. Натпреварот започува во 16.30 минути, а ќе го води главниот судија од Неготина Петар Мантев.

М.П.