Поразот од Металург со 4-1 го однесе Охрид влезе во резултатска криза кој силно го влече кон дното. Мечот против вицепрвакот беше најслабиот кој сезонава го одиграа охридските “бели“ на домашен терен.

Бубоња (1,5) Сигуруниот голман од првите неколку кола, четири пати ја вадеше топката од својата мрежа.

Томевски (1,5) Прв старт сезонава, но не импресионираше со играта.

Стефановиќ (1,5). Дезориентиран, направи прекршок за најстрога казна, доценеше во сите дуели со напаѓачите на Металург.

Иловски (1,5). Доби можност по повредата на Мартиноски. Лош меч и за него.

Цветановиќ (1,5). Уште еден неубедлив настап на левиот дефанзивец.

Далчески – Јовановиќ (1,5) Натрчани од средниот ред на “зелените“, без употребливи топки кон напаѓачите. Заменети во 45 односо 60 минута од мечот.


Блажески – Џалески 2, Единствените кои нешто направија во белиот тим. Блажески далеку по корисен во средината, центрираше, а капитнот Џалески погоди за почесниот погодок.

Клечкароски – Ѓуровиќ 1,5 Отстутни, безопасни по голот на Ефремов, без креација во нападот.

45`Каланоски 1,5 Само еден трк во цело полувреме е премалку за младинскиот репрезентативец.

60` Меди 1,5 По долго време добива некоја минута да заигра. Не ја внесе потребната свежина , невнимателно реагираше во судиското надополнување кога во казнетиот простор го собори Нестороски.

66` Китрозоски 1,5 Долго време помина на трибините, сигурно дека му требаат повеќе натпревари за да влезе во посакуваниот ритам.


Цветкоски 1.5. Задолжен да го гасне пожарот во Охрид. Има три “гратис“ меча со Шкендија, Металург па и наредниот со Вардар. Вистинската битка започнува од мечот со Напредок

М.П.