Чуварот на мрежата на Вардар, Страхиња „џамбо“ Милиќ со 11 интервенции одигра клучна улога во победата на својата екипа во Унгарија против составот на Пик Сегед.
Популарниот „џамбо“ беше нерешлива енигма за ракометарите на Пик Сегед кои мака мачеа да го совладаа српскиот интернационалец по влегувањето во игра на местото од Арпад Штербик.
ЕХФ го награди со втора одбрана во изборот на најдобрите пет и го прогласи за голман на 13-та рунда во Лигата на Шампиони.
Тимот на колото: Штефан Рафн Сигурмансон (лево крило/Рајн Некар), Стипе Мандалиниќ (лев бек/Загреб), Расмус Лауге (среден бек/Фленсбург), Ласло Наѓ (десен бек/Веспрем), Каспер Маргуч (десно крило/Весрем), Растко Стојковиќ (пикер/Брест Мешков), Страхиња Милиќ (голман/Вардар).
Најдобрите пет одбрани односно голови можете да ги погледнете ТУКА и ТУКА.
ЛШ: Вардар го „скрши“ Пик Сегед
Мх.П.











