Советот за радиодифузија на вчера одржаната седница им ја одзеде дозволата за работа на сателитските телевизии „Џангл ТВ“ и „Скај нет плус“.
За сателитската телевизија „Џангл ТВ“, 11 членови од Советот гласаа „за“, само претседателот на СРД, Зоран Стефаноски беше воздржан и одлучија да и ја одземат дозволата на оваа телевизија поради неплатени долгови кон СРД.
За „Скај нет“ 10 членови на СРД гласаа „за“, а двајца беа воздржани и одлучија да и ја одзедат дозволата поради неплатен долг.
На АБ телевизија и е даден рок од 15 дена повторно да почне да ја емитува својата програма преку сателит, откако пред неколку дена беше прекината, што значи дека останува да зрачи во етерот.
Телевизија „24 вести“ го платила својот долг и ќе продолжи да работи, а во текот на денот се очекува истото да го направи и „Пинк 15-“, а со работа продолжува и „Наша ТВ“.
На претходните седници СРД им даде рок од 15 дена на шест сателитски телевизии, ТВ Џангл, ТВ Перспектива (СкајНет Плус), ТВ 24Вести, ТВ АБ Канал и ТВ Пинк 15 минус да почнат да се емитуваат на сателит согласно нивната дозвола да ги намират обврските кон СРД, во спротивно СРД ќе им ги одземе дозволите за вршење на радиодифузна дејност.
Во 2008 година СРД додели 12 дозволи за емитување на сателитска програма.
Извор:“Макфакс“