Само една седмица откако прекинале, Џастин Бибер и Селена Гомез поттикнале гласини дека се помириле и дека повторно се во врска. Биле видени во четвртокот ноќта како се дружат во Лос Анџелес. Посетиле еден клуб за комедии. Џастин наводно во средата го замолил возачот да го одведе на аеродром како би ја дочекал Селена. Сакал со неа да мине малку време. Таа ноќ наводно престојувале во нејзиниот луксузен стан во Лос Анџелес.
На крајот во четвртокот излегле заедно. Се состанале откако Селена изјавила дека сака потполно да го исфрли Џастин од својот живот и дека во недела нема да оди на доделувањето на Американските музички награди бидејќи ќе настапувал токму тој. Извор блиизок на парот рекол дека обајцата се малку тврдоглави, но и дека очајно сакаат да се видат. Ова за нив не било ништо ново бидејќи отсекогаш имале бурен однос. Сите очекуваат дека на крајот ќе ги решат своите проблеми.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com