Младата поп ѕвезда Џастин Бибер ќе се појави во најновата епизода на култната анимирана серија Симпсонови. Ексклузивниот продицент на серијата Ал Џин открил некои детали во врска со појавувањето на Џастин.
Тој открил дека Џастин ќе се обиде да се пријави на натпреварување за таленти во Спрингфилд, на кое и Барт ќе свири клавир, но и дека нема да го прифатат. Оваа епизода ќе се емитува под името „Фабулозното фејк момче“ на Фокс каналот ширум САД.