Иако имале тајна венчавка, Џастин Тимберлејк и Џесика Бел ги продале фотографиите од венчавката за 240 илјади евра на списанијата „Пипл“ и „Хелоу“. Цело време бегале од медиумскиот публицитет, но сепак по одржаната церемонија на југот од Италија ги промениле мислењето. Венчавката ги чинела околу пет милиони евра.
На свадбата присуствувале околу 80 пријатели. Наводно на свадбата не одело се според планот, бидејќи Џастин не се чувствувал добро на самиот ден на свадбата. Сепак, на новопечената сопруга смогнал сили и испеал една серенада.












