Екипата на Рома продолжи со засилување на ростерот. Најново име е младиот фудбалер Џастин Клајверт кој доаѓа од тимот на Ајакас.
Холандскиот клуб за трансферот на 19-годишниот Џастин кој е син на легендарниот фудбалер Патрик Клајверт ќе инкасира 18 милиони евра плус дополнителни бонуси.
Џастин минатата сезона во 44 натпревари постигна 12 погодоци и имаше девет успешни асистенции, а за него интерес покрај Рома покажаа Барселона, Челси и Манчестер Сити.
Претходно, „волчицата“ ангажираше три фудбалери и тоа Брајан Кристанте, Анте Чориќ и Иван Маркано.
OhridNews