Џастин Тимберлејк и Џеј Зи најавиле дека ќе имаат заеднчика турнеја. Како што пренеле агенциите, двајцата музичари турнејата ќе ја започнат на 17 јули во Торонто, по што ќе одржат концерти во уште 11 градови, вклучувајќи ги Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго, Филаделфија и Бостон.

Последниот настап во рамките на оваа мини американска турнеја со име “Legends of the Summer”, ќе ја имаат на 16 август во Мајами. Џеј Зи гостува на синглот на Џастин “Suit&Tie” кој се наоѓа на неговиот нов албум “The 20/20 Experience” кој во продажба ќе се најде од 19 март.