Американското списание “Time“, тврди дека Џејмс Камерoн, канадски филмски режисер познат по филмот “Титаник“, во својот нов документарен филм ќе објави откритие кои би можело да го поткопа традиционалното христијанство многу повеќе отколку што тоа успеа да го направи Ден Браун со контроверзниот бестселер “Кодот на Да Винчи“.
Камерон во својот документарец се занимава со гробницата која пред 27 години при копање темели за зграда ја пронајдоа градежни работници во Ерусалим. Во неа биле пронајдени десетина камени саркофази, меѓу кои и еден на кој пишувало Исус син на Јосиф и Јуда, син на Исус.
Професорот Амос Клонер, израелски археолог кој ги водел истражувањата, остатоците не ги поврзал со Исус и неговото семејство, сметајќи дека станува збор за вообичаени имиња на жителите на Пелестина пред две илјади години.
Меѓутоа, Камерoн, кој е продуцент на документарниот филм, како и режисерот Симша Јакобовичи тврдат дека во гробницата се наоѓаат Исус, Марија Магдалена и нивниот син. Своите тврдења тие ги темелат на археолошки сознанија, проучувањето на Библијата, како и на најсовремени методи на ДНК анализа.
Таквото тврдење е во спротивност со традиционалното христијанско верување според кое Исус воскреснал од гробот.
Камерoн и Јакобовичи, своите откритија ќе ги објават на прес конференција денеска, а нивниот филм, кој трае 90 минути, ќе биде прикажан на “Discovery Channel”.
Теона Блажески и Иван Котевски од Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид се закитија со трофеи на 14-от Интернационален Бреинобреин натпревар кој се одржа во Клотен, Цирих, Швај...
Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 60 km/h) Во Охрид времето денес сончево со умерен и повремено заси...
Основното јавно обвинителство Струга денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1 од К...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.