Голманот Џексон Фолман не се откажува од фудбалот и ќе биде дел од параолимписката селекција на Бразил иако ја загуби десната нога во авионската несреќа на Чапекоенсе која се случи ноември месец минатата година.
Животот на голманот полека се нормализира, а лекарите му вградија протеза на десната нога и може да се движи како и претходно. Тој после целосното опоравување ќе му се приклучи на параолимписката селекција и ќе биде амбасадор на спортистите со инвалидитет.
Фолман беше еден од шестмината луѓе кои ја преживеаја авионската несреќа во која загинаа 71 патник вклучувајќи го и екипажот на авионот. Вкупно 19 играчи починаа од Чапекеонсе, а животот го загубија тренерот Луис Сароли и членовите на стручниот штаб кои патуваат да го одиграат финалниот меч во Кoпа Судамерика против Атлетико Национал.
24-годишниот Бразилец летово кое доаѓа ќе стапне на лудиот камен, откако неговата девојка Андреса Перковски ја прифати понудата за брак. Фолман и преживеаните фудбалери беа специјални гости на првиот натпревар кој го одигра Чапекоенсе после авионската несреќа.
OhridNews